Зошто баш "Aloe Vera barbadensis " и "Aloe Vera gel" ?


     Билка со неверојатен состав. Да се зборува за неа може со денови, но се додека не се проба никој не може да се увери во вистинитоста на зборовите.
     
      " Aloe Vera Barbadensis " е ризница од преку 78 состојки, неопходни за нашиот имунитет, која содржи 20 основни аминокиселини кои се неопходни при изградбата на нашите клетки, има преку 12 витамини, минерали и сапонини кои се многу битни за нашиот дигестивен систем и помагаат при чистењето и испирањето на цревата, и ослободување на телото од насобраните токсини, и вишокот храна која се лепи за цревните ресички, оневозможувајќи им да  ја вршат нивната основна функција.

    Сите состојки содржани во оваа чудесна билка се неопходни во изградбата на нашиот имунолошки систем, и затоа ја прават особено нужна и одличен избор во борбата со денешните, современи болести.

    " Aloe Vera Barbadensis" има противвоспалително дејство, дава енергија, поволно делува на сите органи, ги освежува и регенерира, стимулирајќи ги нивните функции. 

    Современите научни студии ја докажале нејзината лековитост при многу заболувања, па дури и кај најтешките болести како пропратна терапија.

    " Aloe Vera Barbadensis " успева само во области каде преовладуваат изразито сушни временски прилики. Таа е полупустинско, кактусолико растение од групата на лилјани кои се изразито отпорни на влијанија. 

    Компанијата FOREVER LIVING е најголемиот производител на производи од оваа билка во светот, со преку 78%. Веќе 40 години е присутна на пазарот со годишен профит од преку 3 милијарди долари и годишен пораст од околу 2%.

   Во оваа компанија билката "Aloe Vera" се одгледува на нивни сопствени плантажи, кои се исклучиво органски поставени, а потоа преку патентирана технологија се преработува, пакува, транспортира и дистрибуира низ цел свет. 

   Најважно е да се спомене дека листовите од оваа билка се берат рачно, и во рок од неколку часа, мора да се процесуираат низ производниот процес. Се користи само срцевината, односно средишниот дел кој е во вид на желе, додека надворешниот дел се фрла. Потоа се обработува,се пакува во специјално патентирана амбалажа и крајниот производ се дистрибуира низ цел свет.

    Најпопуларниот производ на оваа компанија е "Aloe Vera gel", кој е најблизок по составот на тукушто, свежо исцеден лист алое. Со своите хранливи состојки, кои ги има преку 75, со право може да се класифицира во редот на природно, растителни сокови кои се оличен  имуностимулатор за нашето тело.
  "Aloe Vera gel" има докажано, научно-медицинско дејство како дополнителна или независна терапија на заболувања на дигестивниот систем, кожни заболувања, иритации, опекотини, спектар на гинеколошки заболувања, болести на уринарниот тракт, ревматски и кардиоваскуларни состојби, депресија.....
    
   Секојдневна консумација од 60 до 100 мл. превентивно, може многу да помогне во борбата со слободни радикали и токсини од храна и воздух, на кои сме толку многу изложени.

    За мене лично е вистински еликсир. Морам да признаам дека првичниот вкус, не ме воодушеви многу, но по 20 минути, она што ќе го осетите во вашето тело ќе ве натера повторно да посегнете по уште, а по една недела, кога ќе го почувствувате напливот на енергија и леснотија, ќе бидете сигурни дека вашето тело ви е бескрајно благодарно.
    
    За да зборувам за "Aloe Vera gel" морав лично да се уверам, за да можам да го споделам со сите сопственото искуство. Верувам дека има и други луѓе што ќе го прочитаат овој текст, па и тие да го потврдат сопственото доживување. Топло им го препорачувам овој производ на сите кои си го сакаат животот и си го почитуваат сопственото здравје. Пробајте и уверете се !

   Ако ви се допадна текстот споделете :)



   


Comments

Popular posts from this blog

Forever Move - најдобра формула за коскено - зглобниот систем

КОЈ Е БЕНЕФИТОТ ОД АЛОЕ ВЕРА ГЕЛ

С9 ПРОГРАМА ЗА ДЕТОКСИКАЦИЈА И СЛАБЕЕЊЕ