Зошто се одлучив за FOREVER LIVING PRODUCTS и што е тоа MLM


  

  Терминот МЛМ или Мултилевел Маркетинг , може некој го чул, некој го чул ама не го разбрал (како мене на пример),  некој го разбрал ама погрешно  а има и такви( а тука кај нас посебно ги има во голем број) кои се вистински експерти за оваа проблематика иако не стигнале ни до М....


Како јас почнав  


   Приказната е многу секојдневна да не речам досадна. Денеска за да најдеш работа тука кај нас, треба да имааш прво соодветна возраст која е пожелно да не поминува преку 30 год.,  да имаш незнам колку вештини за да се вклопиш во т.н работна средина, два три странски јазици, да си флексибилен со работното време , децата да неможеш да си ги видиш нормално, да работиш за плата која незнаеш дали ке ти стигне  и сл .


Кога се решив дека нешто сакав да работам немав идеја што тоа да биде Јас сум од оние жени кои на времето не се реализирале комплетно па сега е некако доцна да фатат чекор со времето кое ги одминало.Единствено сто во тој момент мене ми одговараше како алтернатива  е некоја работа од дома. За нас жените некако тоа купи -продај по интернет повеке ни лежи, па така си го канализирав мојот пат натаму. 

Видов на  интернет еден оглас- понуда за работа во кој се бараа соработници со вклучена едукација од 90 дена. Се мислев два три дена што да правам, ама бев решена дека мора нешто да и од некаде да почнам  и така се пријавив си ги оставив податоците и за еден ден мојот  спонзор ме контактираше ми објасни детално сто се бара и дали мене ми одговара  и така почна оваа моја приказна. Најважна е одлуката дека сакаш да почнеш и да се натераш да почнеш,а потоа се си тргнува само од себе. 

Штое тоа мултилевел маркетинг (MLM)


За компанијата FOREVER LIVING PRODUCTS  знам од порано. Додуша не ме интересирале посебно ама сум ги користела нивните производи (ALOE FIRST  и активаторот на пример и ALOE VERA GEL) некои добри 15 години а да незнам дека ете сега ке се врзам со нив најверојатно и доживотно.Таа е светска позната мулти левел компанија МЛМ.

Тука доаѓаме до темата за тој мрежен маркетинг. Теоретски и практично тоа е легален и законски начин на трговија  во која се врши директна дистрибуција на производи и услуги  од производителот до крајниот потрошувач.

Компанијата има реални приходи , преку профитот што го остварува преку претходна продажба на производи.
Дел од тој профит таа не го го троши на директно рекламирање туку го вложува во склучување договор за соработка со надворешни соработници кои всушност ке бидат нејзини најдобри консументи на нивните производи и услуги . На тој начин   соработниците стануваат нејзини членови,  и добиваат деловна можност да станат независни дистрибутери и да си почнат свој бизнис. 

 Тие што вистински сакаат да работат за себе не за некој друг  како што се мисли имаат голема шанса да си успеат. Нема никаква филозофија понатаму.   

Јас свесно влегов во оваа работа,затоа што сакам да работам за себе, не за газда, а пред се з а  да бидам во секое време достапна за моите деца,  без фиксно работно време без ограничувања кога и каде ке одам некаде,за награда која сама ке си ја одредам без ограничување.

 FOREVER LIVING PRODUCTS е  компанија  која има докажано портфолио,на една мошне успешна компанија со производи со врвен квалитет, подршка во смисла на едукација и многу мотивациони програми, бонуси,и шанса за напредување на сите оние кои сакаат да успеат без оглед на возраст, на титула, партија и што знам што.

 Незнам како јас ке се развивам понатаму, но тоа зависи исклучиво од мене ,но знам дека сум искрена и без некои задни намери, еве го споделувам моето искуство. Ако сака некој да се пронајде  како мене нека проба и нека почне, 
Ако сакат независност, работно време од дома кога тој ке си одреди ,темпо кое сам ке си го наметне сопствени цели што сам ке си ги постави , нека проба  па ке види до каде ке стаса. Тука нема лимит. 


Благодарам на сите што ќе го прочитаат овој текст и особено ке ме радува ако некој се поттикне да си  го продолжи патот понатаму кон крајната цел... 




  


    


Comments

Popular posts from this blog

Forever Move - најдобра формула за коскено - зглобниот систем

КОЈ Е БЕНЕФИТОТ ОД АЛОЕ ВЕРА ГЕЛ

С9 ПРОГРАМА ЗА ДЕТОКСИКАЦИЈА И СЛАБЕЕЊЕ